Во тек е поставувањето на апстрактните слики со познати личности и инспиративни цитати, на паноата во малиот новоизграден парк, на автобуската постојка во Валандово. Вкупно 10 слики со 10 познати уметници ќе го красат новиот, мал парк.
Деновиве интензивно се работи на паркот, веќе се поставени нови, дрвени клупи за седење, ќе бидат поставени и нови корпи за отпадоци а се работи и на доизградба на автобуската постојка. Во тек е и хортикултурното и партерно уредување на јавната површина, која се наоѓа на аголот од улиците булевар „Првомајска“ и улицата „Моша Пијаде“.
Уредувањето се врши по претходно спроведена јавна набавка на системот за јавни набавки.