Првачињата од општина Валандово ќе имаат свечен почеток на учебната година

О.О.У „Јосип Броз Тито“ објави соопштение во кое ги известува родителите и првачињата дека по повод нивниот прием во прво одделение, новата учебна година свечено ќе почне во фестивалската сала „Јанко Узунов“ на 03.09.2018 со почеток од 10ч. и е на ниво на цела општина.

Воедно ги известува учениците дека од оваа учебна година, наставата за прва смена ќе почнува во 7:30ч. во централното и сите подрачни училишта, втората смена во 12:30ч. во централното и во 13:30ч. во П.У „Гоце Делчев“ – Пирава.

Од О.О.У „Јосип Броз Тито“ – Валандово на сите првачиња во општината им посакуваат многу успех во новата учебна година и среќно поминати дни во училиште.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.