Во Валандово ќе се одржи трибина на тема: „Излези ЗА Европска Македонија“

Утре во градскиот парк „Пеонија“ во Валандово ќе се одржи Трибина на тема: „Излези ЗА Европска Македонија“ со почеток од 14.30ч. На отворената трибина ќе присуствува и Премиерот на Република Македонија – Зоран Заев, кој воедно ќе биде и говорник.

На трибината ќе се разговара за сите предности, но и отворени прашања со кои се соочени граѓаните на Македонија пред претстојниот референдум. Се покануваат сите заинтересирани граѓани од општина Валандово, да ги слушнат сите аргументи зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја. Ќе се разговара и за сите дилеми кои се појавија во јавноста. Со цел да донесат вистинска одлука, на оваа трибина граѓаните ќе бидат целосно и правилно информирани.

Од СДСМ Валандово како поддржувачи на оваа трибина велат дека ова е важен историски момент за Македонија и граѓаните треба да излезат на референдум и да донесат одлука.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.