Денеска во паркот „Пеонија“ во Валандово се одржа отворена трибина на тема: „Излези ЗА Европска Македонија“ на која говорник беше премиерот на Македонија – Зоран Заев. Тој на Валандовчани им порача дека должноста на секој граѓанин е да излезе и да гласа „ЗА“ за иднината на Македонија, на претстојниот референдум. Со тоа конечно ќе се реши деценискиот проблем на нашата земја – истакна Заев.
Тој додаде дека постојат повеќе причини поради кои треба масовно да се излезе на гласање. Поради градење на пријателство, од економски причини, но и поради должноста на секој македонец да ја обезбеди иднината на Македонија и дека дојде моментот кога треба да одбереме дали и натаму нашата земја ќе биде слепо црево или интегрирана во светот.
„Од договорот со Грција подеднакво добиваат и двете земји. Македонскиот идентитет воопшто не е загрозен, македонскиот јазик и култура се прифатени од Грчка страна и конечно треба да ја прифатиме подадената рака од Европа“ – рече Заев.