Заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Јосифовско Лето 2018“

Синоќа во Јосифово заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Јосифовско Лето 2018“. Во финалната вечер играа јуниорските екипи „Такси Хит Гевгелија“ – „Интеркомерц“ – Гевгелија со резултат 4:1, женски фудбал ЖФК „Прилеп“ – ЖФК „Тиверија“ – Струмица, со резултат 0:1. Малото финале се одигра помеѓу екипите на „Тргошпед транс“ – Велес и “Стара Фурна“ – Прилеп, која заврши со резултат 9:7, односно паричната награда за четврто место, во износ од 20.000 денари отиде во рацете на екипата „Стара Фурна“ – Прилеп, додека, наградата за трето место во вредност од 40.000 денари, кај „Тргошпед транс“ – Велес.

Големото финале се одигра помеѓу екипите на „Црна Река“ – Возарци и „Алупласт Васил“ – Јосифово, со резултат 0:3. На годинашното финале победата ја однесе екипата на „Алупласт Васил“ – Јосифово, која го освои големиот пехар и парична награда во износ од 120.000 денари, додека пак, второпласираните „Црна Река“ – Возарци се закитија со пехар и парична награда од 80.000 денари.

За најдобри поединци на „Јосифовско лето 2018“ беа избрани: најдобар голман Сашко Паунов од „Алупласт Васил“ – Јосифово; Најдобар стрелец Слободан Митков од „Алупласт Васил“ – Јосифово и најдобар фудбалер Мартин Мехмединовиќ од „Црна Река“ – Возарци. Како и секоја година, доделувањето на наградите на „Јосифовско Лето 2018“ беше вистински спектакл.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.