За првачињата од општина Валандово приреден свечен почеток на учебната година

Денеска во фестивалската сала „Јанко Узунов“ во Валандово се одржа свечена приредба за првачињата од општината. На приредбата учествуваа децата од повисоките одделенија, кои со игра и песна има посакаа успешен почеток и добредојде на првачињата во прво одделение.

На свечената приредба присуствуваа сите ученици од основните училишта од општина Валандово заедно со нивните учители и учителки, како и нивните родители. Присутен беше и градоначалникот на општината Перо Костадинов, кој на првачињата им посака успешно да зачекорат во училишните води.

Сите првачиња добија подароци за успешен почеток на годината, а по завршувањето на свечената приредба, тие заедно со нивните родители беа поканети во училиштата.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.