Љилијана Нанова од вчера официјално е новата в.д. директорка на Домот на културата „25-ти мај“ – Валандово, а воедно и прва жена на оваа функција. Таа го замени досегашниот директор Јован Коцевски.
За новата работна позиција Нанова вели дека сѐ уште е рано да се каже како ќе се одвиваат работите и што е она на што ќе се работи, но, секако ќе продолжи реализацијата на веќе почнатите активности, тековните и секако традиционалните настани, како литературни и ликовни конкурси, манифестацијата „6-ти Ноември” и слично.
За нејзината визија за работата вели дека ќе ја оствари само со заедничко работење на вработените во Домот и дека само така можат да се остварат замислените цели.
Претходниот директор ѝ честиташе на својата колешка и воедно ѝ посака многу успех.
Инаку Нанова повеќе од 20 години работеше како библиотекарка во Домот на културата, а претходно и во Радио Валандово околу 10 години. Таа додаде дека напоредно ќе работи и во библиотеката се додека не се вработи нов на нејзиното место, или додека некој не ја замени.