Детското игралиште во населеното место Балинци се дави во смет. Жители од ова населено место се обратија до порталот Валандово.мк, испраќајќи фотографии од игралиштето на кои јасно се гледаат расфрланите отпадоци насекаде во и околу него.
Децата си играат опкружени со смет и нечистотија а на игралиштето нема корпи за отпадоци. Мештаните на ова населено место велат дека откако е направено игралиштето нема поставено корпи за отпадоци, па тие се приморани самите да го собираат ѓубрето, бидејќи стравуваат за здравјето на нивните деца.