Општина Валандово ќе го уредува просторот околу зградата до Здравен Дом во Валандово, спроти бензинската пумпа на Макпетрол.
Во уредувањето ќе бидат изградени потпорни ѕидови, скали, нови тротоари, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден со садење на зимзелени дрвја. На теренот ќе бидат поставени и павер елементи, а пешачките патеки ќе бидат оградени со бетонски столпчиња.
За осветлување на просторот ќе бидат поставени 30 рефлектори со јачина од 10 вати.
За оваа намена Општина Валандово планира да потроши најмногу 16 илјади евра.