Средношколецот Мартин Динев – дел од тимот на најдобрите програмери на Олимпијадата по информатика во Цукуба, Јапонија

Средношколецот Мартин Динев учествуваше на 30-тата Интернационална Олимпијада по информатика, која се одржуваше од 1-ви до 8-ми септември во Цукуба, Јапонија. Динев беше дел од македонскиот тим составен од Владимир Максимовски, Андреј Величковски и Филип Михов. Заедно со нив беа и м-р Весна Димитриевска и м-р Емил Станков од ФИНКИ.

Македонската репрезентација вторпат се враќа со сребро од Интернационалната Олимпијада по информатика. Тие досега освоија 2 сребрени и 16 бронзени медали.

Владимир Максимовски освои сребрен а Андреј Величковиќ бронзен медал, додека пак Мартин Динев бил на дофат да освои бронзен медал, од кој го делеле само 10 поени од можните 600.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password