Јанко Бачев од Кризниот штаб против референдумот вчера оствари средба со валандовчани

Валандово / 14:01

Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера имаше средби со граѓаните на општинте Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Општ впечаток на средбите беше дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30-ти септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите.

„Власта го губи компасот и веќе почна дури и со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека Македонците ќе имале бесплатно здравство и образование во сите земји-членки на ЕУ иако на секој му е јасна оваа безобразна лага. Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа нашата заедничка одлука за бојкот и не излегување на референдумот на 30 септември ќе овозможи Македонија да победи“ – рече меѓудругото Бачев.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password