Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, организираше прием за членовите на КМФ „Проект – Цико” Валандово, кои оваа година ќе се натпреваруваат во Првата фудбалска лига во мал фудбал.
Градоначалникот им посака успешна сезона, добра фудбалска игра и многу публика.
Општина Валандово, како што истакна Градоначалникот, ќе ја даде целосната поддршка за КМФ “Проект – Цико”, за негово непречено натпреварување и градење успешната приказна, со цел овој тим да ги поттикне младите од општината, да се вклучат во овој или некој од останатите општински спортски клубови.
КМФ “Проект – Цико” првиот натпревар за сезоната 2018/2019 година ќе го одигра со КМФ “Шкендија”, на 15.09.2018 г. во Тетово.