Со чистење на сметот во дворот на Манастирот „Св. Ѓорѓија“, УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово се приклучи кон акцијата „Без ѓубре, без изговори“

Со чистење на сметот во дворот на Манастирот „Св. Ѓорѓија“ УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Валандово се приклучи кон акцијата под насловот „Без ѓубре, без изговори“ во која учество зедоа членовите на УМС на ВМРО-ДОМНЕ во цела држава.

Од валандовската УМС потенцираат дека ситуацијата во која го затекнале дворот на манастирот наликувала на дива депонија, а причината за тоа ја гледаат во неработењето на јавните комунални претпријатија.

„За жал, мораме да потенцираме дека оваа самонастаната дива ситуација не е единствена, а уште поголемо жалење сакаме да изразиме што не успеавме да формираме и анимираме повеќе екипи од повеќе здруженија за оваа акција да биде раширена на повеќе места во нашето Валандово.“, се додава во соопштението испратено до нашата редакција.

Оттаму потенцираа дека во наредниот период ќе реализираат барем уште една ваква акција и ќе се потрудат, како што се вели во соопштението, да елиминираат уште една ваква дива депонија.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password