Еден од најголемите фанови на Ѓоко Јовиќ, Александар Стевановски, на својата рака го истетовира токму ликот на музичката ѕвезда со потекло од валандовско.
Стевановски фотографијата со истетовираната рака ја објави на неговиот профил на Фејсбук, а неговите пријатели му честитаа за храброста која ја имал и го истетовирал токму неговиот најголем идол, бидејќи и тој се занимава со музика.
Александар на публиката и е познат по своето учество во „Ѕвездите на Гранд“, каде пееше со цел да ја врати наклоноста од својата поранешна девојката.