Под мотото „Вози право – живеј здраво“ – О.О.У „Страшо Пинџур“ од Јосифово на 24-ти септември во понеделник, од 10ч. ќе го одбележи Светскиот ден без автомобили.
Возењето ќе се одвива во следната насока: почнувајќи од училиштето, преку Горна Маала до гробиштата кај село Удово, со одмор од половина час и враќање назад по истата патека.
Акцијата ќе биде поддржана и следена од Полициската станица и Брзата помош од Валандово. На неа ќе учествуваат учениците, вработените во училиштето и родителите а добредојдени се да учествуваат и сите заинтересирани граѓани, не само од Јосифово, туку и од општината.