За референдумот на 30-ти септември за гласање се пријавиле вкупно 1.859 болни и немоќни лица во 69 од 80 општини. Пријавените ќе гласаат во своите домови на 29-ти септември, а гласањето ќе биде спроведено од страна на членови на избирачките одбори.
Во Валандово за гласање се пријавиле 16 болни и немоќни лица а освен нив во сабота ќе гласаат и 3 лица, кои своето право на глас го остваруваат во казнено поправни домови.
На локалните избори во 2017-та година за гласање се пријавиле над 5.400 болни и немоќни лица.