Според податоците на Државната изборна комисија при пресекот во 11 часот од гласањето на Референдумот, најмала излезеност во општина Валандово или само 2,22% има во с. Прстен, а најголема, од 15,6% има на избирачкото место 0283 сместено во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово.
Во градот Валандово најмала излезеност до 11 часот е забележана во Кино салата на избирачкото место со број 0281, а изнесува 8,03%.
Од селата во општина Валандово најголема излезност е забележана во село Раброво, каде до 11 часот на гласање излегле 10,83%.
Вкупната излезност во општината до 11 часот изнесува 8,04%, т.е. од вкупно 9.970 регистрирани гласачи своето право на глас го искористиле 801 гласач.