Неговото Височество, Војводата од Кент денеска е во посета на Македонија по повод стогодишнината од Првата светска војна. За таа цел, Обединетото Кралство има организирано низа активности.
Како што соопштија од Британската амбасада, во близина на Раброво, Војводата од Кент ќе се информира за битките во Дојран и Костурино со детали за бројот на британски и ирски формации, вклучително и десеттата ирска дивизија, по што ќе положи цвеќе на споменикот во чест на десеттата ирска дивизија.
Инаку Војводата од Кент е Претседател на Комисијата за воени гробишта и Комонвелтот од 1970-тата година. Комисијата е организација која им оддава спомен на сите мажи и жени кои служеле и починале во двете Светски војни и се грижи за спомениците на 23.000 локации во 154 земји.