Почина Леонид Манчев – човекот кој го посвети својот живот на музиката, културата и уметноста во Валандово

Почина Леонид Манчев – човекот кој својот живот го посвети на музиката и уметноста, како и развивањето на културата во општина Валандово. Тој беше истакнат општествено-политички работник и функционер во градењето и афирмацијата на општина Валандово во земјава и во странство.

Роден е во 1944-та година во Валандово. Бил наставник по музика во ЦОУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, наставник и директор во УЦСО „Гоце Делчев“ – Валандово. Потоа и директор на Домот на културата „25-ти мај“ – Валандово во период од 19 години. Манчев беше творец, организатор и директор на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест“, во периодот од 1985-та до 1999-та година.

Од 1973-та до денес тој беше и уметнички директор на ансамблот „Распеани Валандовчани“. Неговиот живот и дело ќе останат засекогаш запаметени.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.