Домаќините КМФ СК „Проект – Цико“ доживеаја пораз по синоќешниот натпревар

Домаќините КМФ СК „Проект – Цико“ го доживеаја вториот пораз во низа, по синоќешниот натпревар со актуелниот футсал шампион во Македонија КМФ „Велес“, со резултат 3:5. Овој натпревар беше дел од Четвртото првенствено коло од Првата Футсал Лига.

И покрај навистина интересно одиграниот натпревар со многу шанси за гол, сепак на крај, домаќините беа поразени од актуелниот футсал шампион на Македонија.

Во наредното коло екипата на КМФ СК „Проект – Цико“ ќе се натпреварува со екипата на КМФ „Јувентус“ а натпреварот ќе се одржи во Скопје.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.