По синоќешниот футсал натпревар од 6-то коло помеѓу екипите на КМФ „Црна Река“ и КМФ СК „Проект-Цико“, кој заврши со резултат 1:4, победата и освоените бодови на „Проект-Цико“ им ја врати победничката атмосфера во тимот. Павлов, Станисавовски (2) и Маринковиќ, се стрелците на синоќешниот натпревар. Натпреварот се одржа во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
По одиграни 6 кола од Првата Фустал лига, КМФ СК „Проект-Цико“ се наоѓа на 5-тата позиција, со освоени 9 бода. Лидер на табелата е КМФ „Шкупи 1927“, со освоени 18 бода.
Следниот натпревар КМФ СК „Проект-Цико“ го игра на домашен терен против екипата на КМФ „Кратово“.