На 22.10.2018 година во 08.00 часот во Полициската станица Валандово, пријавено е дека на 21/22.10.2018 година во времето од 12.00 до 08.00 часот непознат сторител извршил кражба во спортска обложувалница во с.Јосифово.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата и одзел две компјутерски кукишта и мал сеф во кој имало околу 100.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.