Околу 20-тина средношколци со еден наставник од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово учествуваа на курс за емоционална писменост.
Овој курс е дел од проектот „Воспоставување на курсеви со решавање проблеми за зајакнување на меките вештини кај учениците“.
Активностите од овој курсот се одржаа во хотел „Манастир“ во Берово. Претходно уште една група од 20 ученици од земјоделско-ветеринарната струка беа дел од овој курс.