Предлог законот со кој се предвидува да им се исплатат долговите на општините што имаат доспеани, а неисплатени обврски, по скратена постапка помина на Законодавно правната комисија.
Овој закон иницираше и креирање на листа од Општини должници на која Општина Валандово заедно со Општина Дојран се најдоа на дното од истата.
Општина Валандово според Законот со кои е предвидено да се ослободат Општините од долгови ќе добие само 167 илјади денари.
За разлика од Валандово и Дојран, најзадолжени се општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, а заклучно со септември годинава Општините пријавиле долг од 97, 5 милиони евра.
Предлог законот предвидува 50 милиони евра буџетски средства да легнат на сметките на Општините како помош за враќање на долговите.