Општина Валандово е најмалку задолжена Општина во Македонија

Предлог законот со кој се предвидува да им се исплатат долговите на општините што имаат доспеани, а неисплатени обврски, по скратена постапка помина на Законодавно правната комисија.

Овој закон иницираше и креирање на листа од Општини должници на која Општина Валандово заедно со Општина Дојран се најдоа на дното од истата.

Општина Валандово според Законот со кои е предвидено да се ослободат Општините од долгови ќе добие само 167 илјади денари.

За разлика од Валандово и Дојран, најзадолжени се општините Охрид, Тетово, Карпош и Куманово, а заклучно со септември годинава Општините пријавиле долг од 97, 5 милиони евра.

Предлог законот предвидува 50 милиони евра буџетски средства да легнат на сметките на Општините како помош за враќање на долговите.

 

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password