На 17-ти декември, понеделник, со почеток од 19 часот, во Домот на културата во Валандово ќе се одржи мултимедијалниот перформанс „Волшебен свет“.
„Волшебен свет“ е производ на имагинациите и креативноста на млади уметници, кои учествуваат во самата продукција, и води низ еден волшебен и чудесен свет, исполнет со танц, музика и визуелни доживувања.
Во перформансот учество ќе земат младите Инкубатор уметници: Даниел Коцев, Елена Костадинова, Викторија Коцева, Јана Благадуша, Јана Бунгурова, Кала Каровски, Клара Христовска, Марина Гоцевска, Николинка Митрева, Пенче Кралев, Мартин Тренески, Бисера Петреска, Драган Теодосиев, Лина Авшар, Медина Хоџа, Даниела Ѓурoвска, Медаин Аслан, Ангела Доневска, Марјан Бебековски и Борис Ристевски, под менторство на Рисима Рисимкин, Тони Китановски и Лидија Ѓеорѓиева. Како едукатори на проектот се јавуваат Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска, а менаџер на истиот е Матеа Мијановиќ
„Волшебен свет” е финална продукција на Инкубатор програмата за култура реализирана во Македонија во 2018-та година во организација на Интерарт културниот центар, со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Во претставата учествуваат млади Инкубатор уметници од целата земја, во три уметнички категории: современ танц, музика и визуелни уметности.
Настанот е дел од програма Инкубатор – Денови на младиснка културна сцена, од проектот Млади европејци и е поддржан од Министерство за култура Универзитетот Гоце Делчев од Штип и општина Валандово.