Основното училиште „Јосип Броз Тито“ и неговите подрачни училишта ќе добијат нови системи за видео надзор

Основното општинско училиште „Јосип Броз Тито“ од Валандово планира да инсталира нови безбедносни системи за видео надзор, како во градското, така и во подрачните училишта.

За оваа намена распишан е оглас за прибирање на понуди за најповолен изведувач на набавката.

Како што е наведено во огласот, во училиштето во Валандово треба да биде инсталиран систем до 16 ХД камери кој ќе го замени досегашниот со 8. Замена на системот со нов ќе има и во училиштето во Пирава каде истотака ќе биде дуплиран бројот на безбедносни камери.

Во училиштата во Брајковци, Дедели и Казандол ќе бидат инсталирани нови системи со по 4 камери, додека старите системи од Валандово и Пирава ќе бидат демонтирани и инсталирани во училиштата во Чалакли односно Башибос.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.