180.000 денари помош за семејствата чии домови настрадаа во пожар

Советот на Општина Валандово, на вчерашната последна седница донесе одлука за давање финансиска помош од 180.000 денари на семејствата чии домови настрадаа во пожарот кој избувна на 2-ри овој месец.

Од сумата фамилијата на Ѕвонко Тодоров ќе добие 150.000 денари, додека Сузана Јанушева 30.000 денари.

Средствата се предвидени за санација на штетите настанати при пожарот.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password