Жител на Брајковци заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П (47) од с. Брајковци, Валандово,  поради основано сомневање за сторено  кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во чл. 215 ст.1 од КЗ на РМ.

Врз основа на претходни оперативни сознанија, на 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните  простории  од страна на судија на претходна постапка  извршен е претрес кај пријавениот. Од страна на полициски службеници од НК за КР Валандово  од извршениот претрес во домот и помошните простории пронајдени се: 1 пластично буре, 8 картонски кутии  и 2 книжни вреќи  со НН растителна материја; Со Потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети со НН растителна материја се одземени, пријавениот е лишен од слобода  и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. Пронајдената  НН растителна материја е испратена  на вештачење во Одделот за кринминалистичко-технички испитувања. Врз основа на добиениот наод од вештачењето  утврдено е дeка се работи за опојна дрога марихуана во нето тежина од 7620 грама.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица – НК за КР – Валандово  изготвена е кривична пријава и доставена  во ОЈО-Велес.

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.