Советот на општина Валандово го изгласа Буџетот за 2019-та во висина од 240.679.000 денари

На 18-тата редовна седница на Советот на општина Валандово, беше изгласан Буџетот на општината за 2019-та година, во висина од 240.679.000 денари. Основниот Буџет изнесува 72.585.000 денари, додека,  111.760.000 денари се од дотации а останатите средства од странски донации и сл.

Буџетот за 2019-та година е направен според новите правила на Министерството за финансии согласно кои висината на Буџетот е лимитирана на просечната реализација на Буџетот во изминатите три години, со можност од проширување во висина од 10%. Целта на Владата е општините да бидат ограничени во делот на задолжувањата и да се работи  домаќински, односно онолку колку што општината ќе има приходи.

Од друга страна, тие нема да бидат ограничени во делот на реализација на предвидените проекти бидејќи врз основа на склучен договор за реализација на одреден проект и обезбедени средства, ќе имаат можност со ребаланс на Буџетот истиот да го прошират и да ги реализираат проектите.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.