Општината се надева лошото пеење на дебитантската вечер на Фолк Фест да ги протера кучињата скитници од градот – Со еден удар две муви велат оттаму

Програмскиот совет на „Фолк Фест“ – Валандово на вонреден состанок донесе одлука за дебитантска вечер на која ќе учествуваат околу 20 дебитанти со новосоздадени македонски песни.

Од Општината ваквиот потег го оправдуваат со можноста лошото пеење на дебитантите да ги протераат кучињата скитници од градот со што конечно би се ставило крај на овој проблем, а воедно би се оправдало и инвестирањето на Општината во фестивалот.

„Горди сме што конечно имаме фестивал кој покрај културната ќе има и практична функција. Со еден удар две муви“ велат оттаму.

Априлилили

Текстот е измислена првоаприлска шега.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.