Премиерот Зоран Заев, преку коментар на фотографијата која ја објави градоначалникот Костадинов, на валандовчани им го честиташе новиот булевар.
На сликата на која се гледа осветлениот булевар „Првомајска“ по неговата реконструкција, Премиерот од сопствениот Фејсбук профил коментираше: „Прекрасно. Честитки Валандово. Со здравје да си го користите новиот булевар“.
Булеварот беше реконструиран со средства од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, администрирани од Светска банка.