Министерството за образование го објави конкурсот за прием во ученици во државните средни училишта за учебната 2019/2020 година.
Во СОУ „Гоце Делчев“ отворени се 170 места за запишување на ученици во прва година и тоа 68 или две паралелки во гимназиското овразование и 102 во земјоделско-ветеринарната струка, поделени во 3 паралелки.
Иако беше најавена можноста за воведување на нова насока „Забен техничар“, сепак според конкурсот таа нема да се воведе годинава.