Годинава водителски пар на најстариот фестивал за новокомпонирана народна музика ќе бидат Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев.
Харизматичната Ирена долги години е на малите екрани во Македонија. Нејзината кариера започнала како Зимски Мис на Македонија, но пред да се појави на Изборот за Мис на Македонија, добила ангажман во Македонската Радио и Телевизија, на тогашниот Канал 3, да води емисија во која биле емитувани македонски евергрин песни од архивите на МРТВ.
Она што ја одржува вечно млада е најверојатно резултат на нејзиното хоби, планинарењето. Највисокиот врв кој го има освоено е Триглав, во висина од 2854 метри. Покрај планинарење Ирена се занимава и со скијање и параглајдинг.
Таа е самохрана мајка на Зорица, која веќе е полнолетна. Низ годините жолтиот печат ја поврзуваше со многу познати лица и политичари, но Ирена секогаш бепе внимателна со своите љубови, па досега само еднаш е сликана со свое момче.
Ирена е „дај-хард“ фан на Здравко Чолиќ, кој редовно ја поздравува на своите концерти, не пуши цигари, алкохол консумира многу умерено, не јаде месо, сака здрава храна и природна козметика.
Ѓорѓи Калајџиев е 56-годишен новинар, поет и текстописец од Струмица. Тој е вработен во струмичката телевизија Канал Вис, каде води две емисии.
Тој досега има напишано повеќе текстови за песни отпеани на „Фолк Фест Валандово“ меѓу кои и победничката „Црвена вишна“ на Ѓоко Јовиќ.
Како што јави ИРЛ, Калајџиев покрај ангажманот во струмичката телевизија, тој е и советник за медиуми и ПР на премиерот Зоран Заев.