Во четврток (27.06.2019 година), во раните утрински часови, односно во периодот од 04:30 до 09:30 часот, на територијата на општина Валандово, ќе се изврши авионско прскање против комарци. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 28.06.2019 година (петок), во истиот временски интервал.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства, да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.