Традиционалната валандовска „Ракијада“ и годинава ќе се одржи по 20 пат.
Овогодинешниот натпревар во печење валандовска ракија е закажан за 19-ти октомври, на градскиот базен
Засега организаторот, Општина Валандово, нема објавено дополнителни информации за настанот.
Минатата година посетителите покрај можноста да пробаат тазе печена ракија, дегустираа и вкусна, домашна храна, а поставени беа и штандови со органски земјоделски производи од Валандово.