Вечерва, во холот на СОУ “Гоце Делчев” Валандово беше извршена проекција на филм и дискусија за климатските промени и ефектите и последиците на целиот систем во кој живееме денес.
Пред собраните пријатели на природата беше прикажан филмот “Blue Heart-The fight for Europe’s last wild rivers” кој ја расказжува приказната за последниот див речен систем во Европа и луѓето што се борат да го заштитат.
На настанот присутни беа и членовите од „Fridays For Future“ од Валандово, кои споделија повеќе информации за нивното движење и за Неделата на Глобалните климатски протести.