Одлуката за комунален ред, која Советот на Општината едногласно ја изгласа, со излегување во Службено гласило на 18.09.2019-та и официјално стапи на сила.
Одлуката која содржи одредби за воведување на комунален ред на територијата на општина Валандово по само неколку недели ги иницираше и првите интервенции по преставки за непочитување на истата.
Покрај затворање на две поголеми диви депонии, надлежните од општината реагирале и по индивидуални пријави за нарушување на комуналниот ред.
Општинскиот инспекторат во неколку наврати излегувал на терен при што се изречени неколку предупредувања на физички лица од општината за варење на ракија и истовар на огревно дрво на јавен простор и ширење непријатна миризба од шталски објект.
Во сите случаи опоменатите навремено реагирале за отстранување на проблемот.
Од Општина Валандово очекуваат потешкотии во спроведувањето на Одлуката на почетокот, но се убедени дека истата во иднина во целост ќе се спроведува на целата територија.