Започнаа градежните работи на индустриската зона „Раброво” за изградба на патна инфраструктура.
Се врши изградба и асфалтирање на приклучна улица кон регионалниот пат, а се поставува хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Целта на оваа активност е да се овозможи безбеден влез и излез од индустриската зона, за граѓаните чии работни места се наоѓаат во неа и за оние кои истата ја користат секојдневно или повремено.
Оваа градежна активност е финансирана од Бирото за регионален развој и од Буџетот на Општина Валандово.