На градскиот плоштад во Валандово, Црвениот крст на Валандово организираше хуманитарен настан по повод одбележување на Светскиот ден на гладта.
На истиот, многу хумани граѓани донираа храна, финансиски средства и купија вредносни бонови кои ќе бидат наменети за гладните и граѓаните на кои храната им е неопходна.
Светскиот ден на гладта се одбележува со цел да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта во светот, како и да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат подршка за да овозможат уште многу луѓе да го надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни.