Од извори блиски до Општината, неофицијално дознаваме дека годишниот добитник на највисокото Општинско признание ќе биде основоположникот на македонскиот графички дизајн, Костадин Танчев – Динка.
На седницата на Советот на Општина Валандово, која е закажана за утре, треба да се потврди ваквата одлука.
Костадин Танчев, родум од Валандово. Дипломирал на Белградската Академија за применета уметност во 1967-ма година. Од 84-та до 2006-та година, Костадин бил професор на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде предавал Графички дизајн.
По враќањето од Белград го основал студиото за дизајн при Културно-информативниот центар во Скопје, од каде и почнува да се шири неговата фино изострена естетика преку препознатливиот графички израз.
Како добитник на бројни награди и признанија, што домашни, но и меѓународни, несомнено е еден од култните неколкумина со валандовски корени.
Делата на Динка се во нашето секојдневно опкружување. Најверојатно несвесно, со дел од нив се среќаваме секојдневно.