Советот на Општина Валандово го усвои Елаборатот за проценети штети од невремето со град кое зафати дел од подрачјето
на Општина Валандово на ден 05. јули 2020-та година.
Според Елаборатот, кој во моментов е доставен до сите надлежни институции за постапување по истиот, во невремето направена е штета од 1.149.000,00 денари.
За тоа дали и со колкав процент ќе се врши обештетувањето ќе треба да одлучи Владата на РМ.