Објавен Јавен повик за учество во Програмата „Општинско – корисна работа“

Општина Валандово во соработка со УНДП и АВРСМ објавува повик до евидентираните невработени лица за учество во Програмата Општинско – корисна работа.

Јавниот повик е објавен на огласните табли на Центар за вработување Валандово, Центар за социјална работа Валандово и Општина Валандово.

Јавниот повик можете да го видите на следниот ЛИНК.

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата Општинско-корисна работа можат да поднесат во Центар за вработување Валандово во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Детални информации за Програмата Општинско – корисна работа можат да се добијат во Oпштина Валандово кај лицето Владимир Лазов, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа, Агенција за вработување- Центар за вработување Валандово кај лицето Виолетка Недиќ, Центар за социјална работа Валандово кај лицето Пецко Невеселов.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.