Според статистиките на Агенцијата за вработување, во периодот од април заклучно со мај годинава, за само два месеца, 218 лица од општина Валандово ги загубиле своите работни места.
Со последниот објавен извештај на Агенцијата во општината како невработени се сметаат 731 лице, што претставува највисока стапка на невработеност од декември, 2014-та година.
Истиот период на ниво на држава 13,455 лица останале без работа.
Ваквиот тренд на зголемена невработеност пред сѐ се должи на светската здравствена криза т.е. пандемијата со Ковид-19 и неизвесноста која истата таа ја носи за стопанствениците.