Новата летна колекција на „Занов” е создадена да плените на песокот

Ако сте една од девојките кои цела година ги движи идејата за следниот совршен летен одмор, под Сонцето на омилената плажа, со коктел в рака и костим за капење кој остава силен впечаток врз момчето од шанкот, тогаш не би сакале да ја пропуштите новата соработка на модните брендови „Занов” и „Angie.M”

Дуото Занов и Младеновска пред само два дена ја презентираа колекцијата од костими за капење и облека за плажа наменета за модно-освестени урбани девојки кои бараат многу повеќе од униформа за капење, пленат со изгледот и не пропуштаат прилика да го завртат светот околу себе.

Колекцијата ја сочинуваат уникатни, рачно изработени костими за капење и облека за на плажа, кроени од внимателно одбрани премиум материјали кои совршено одговараат на намената и високите летни температури.

Модниот бренд „Занов” чиј креативен директор Мите Занов води потекло од Валандово, важи за еден од најугледните модни брендови во Македонија кои доследни на својата естетика креираат колекции речиси секоја сезона, што е реткост на македонската модна сцена.

Интересно е да се напомене и тоа што за шминката на моделите и манекенките на секоја негова ревија или фото-сесија е задолжена „мејк-ап” артистката, валандовчанката Миа Арабаџиева.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.