Општина Валандово, распишува Конкурс за доделување на наградата „6-ти Ноември” и годишно признание на Советот на општина Валандово по повод празникот на општината.
Наградата „6-ти Ноември” се доделува на физички и правни лица од Општина Валандово, како знак на општо признание за особени постигања и придонес во афирмацијата и развојот на општината во сите области на општествениот живот (стопанство, наука, уметност, образование, култура, хуманост и др.)
Наградата „6-ти Ноември” се доделува по повод Денот на општината – „6-ти Ноември” и тоа за континуирани резултати за подолг период на работно и творечко ангажирање.
Признанието се доделува и по други поводи за лични залагања и особен придонес за општината, во сите области на општественото живеење, за пократок период.
Наградата „6-ти Ноември“ е во форма на плакета додека Признанието во форма на диплома.
Право да предлагаат кандидати за Наградата и Признанието имаат сите правни и физички лица.
Предлогот мора да е образложен, а кога станува збор за поединци, група творци треба да се приложи и кратка биографија. Предлагачите притоа мора да нагласат за која од општинските награди го предлагаат кандидатот и треба да приложат своја полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата.
Краен рок за поднесување на предлозите е 15.10.2020 година до 15.00 часот. Предлозите се поднесуваат на следнава адреса: Општина Валандово, ул.“Иво Лола Рибар“ бб Валандово, со назнака “За 6-то Ноемвриска награда“.