По едномесечно одложување поради пандемијата започна школската година. Дел од учениците од општина Валандово ќе седнат во училишните клупи по утврдените правила за изведба на настава во време на пандемија, сепак поголемиот дел настава ќе следат преку интернет.
Во ООУ „Јосип Вроз Тито” настава со физичко присуство ќе биде организирана за учениците од четврто и петто одделение во различни смени со учениците од прво до трето и тоа во подрачните училишта ПУ с. Чалакли, ПУ с. Казандол, и ПУ. с. Брајковци, а ПУ с. Дедели и ПУ с. Башибос добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Онлајн настава ќе се изведува во централното училиште во Валандово и во ПУ с. Пирава од четврто до деветто одделение како и во ПУ с.Чалакли од шесто до деветто одделение.
Онлајн настава за сите ученици ќе се изведува и во Средното општинско училиште „Гоце Делчев” во Валандово.