Градоначалникот Костадинов им се придружи во онлајн наставата на гимназијалците од 4-та година

Градоначалникот Перо Костадинов им се придружи на часот по Бизнис и претприемништво на учениците од четврта година – гимназиско образование кој беше одржан од професорката Ташка Гетова.

Наставата се одржа онлајн, на интернет платформата за далечинско учење.

„Им посакав успешна училишна година и добро здравје. Преку интерактивна настава разговаравме за потенцијалот за развој на локалната заедница. Заклучивме дека единствено преку дијалог, знаење и инклузивен пристап, се доаѓа до квалитетна идеја и севкупен напредок во заедницата.” изјави градоначалникот Костадинов.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.