Бројот на активни Ковид-19 случаи во Валандово опаѓа

Валандовчани се однесуваат одговорно кон заразата со новиот коронавирус покажуваат бројките на Министерството за здравство.

Во текот на продолжениот викенд во општината не се регистрирани нови, додека бројката на активни случаи во моментов изнесува 35.

До денес, 92-ца наши сограѓани биле позитивни на вирусот, што ја сместува општина Валандово во петте општини со најмалку вкупно заразени лица.

Ситуацијата на ниво на држава пак бележи значително влошување. Во текот на продолжениот викенд беа регистрирани денови со најмногу починати од Ковид-19.

Во последните 24 часа вкупно се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови позитивни случаи, додека 15 лица ја загубиле битката со новиот вирус.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.