Популарниот валандовски тиктокер Александар Динев ги едуцира своите врсници за корупцијата во општеството и последиците од неа

Младиот валандовски тиктокер со најмногу следбеници на платформата од Македонија, Александар Динев, е дел од проект на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” и Државната комисија за спречување на корупција, финансиран од Холандиската амбасада.

Целта на проектот е подигнување на свеста кај младите за корупцијата, зајакнување на нивното знаење за корупција, форми на корупција и алатки за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивното знаење за важноста на градење личен интегритет.

Александар во краток видео клип ги запозна илијадниците следбеници со ефектите кои ги има корупцијата врз нашето секојдневие со цел едукација на младите уште од најрана возраст.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.